Денеска е Преподобен Захариј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 март.
Денеска е Преподобен Захариј.
Син на Карион Мисирецот, којшто ги остави жената и децата и се замонаши. Захарија го зеде кај себе неговиот татко, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани.
Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата внатрешност.
На прашањето на Св. Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестајно се принудува себеси на заповедите Божји“.
А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече: „Ако човекот не се смири не може да биде монах!“ Беше големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
