Македонија
21. December 2020 - 8:18

Денеска е Преподобен Патапиј

Преподобен Патапиј се роди во градот Тива, покрај реката Нил, во Египет.

Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште додека беше млад, тој го засака монаштвото и се повлече во една од египетските пустини. Неговиот свет живот им го сврте вниманието на луѓето, а тој, сакајќи да избега од почестите, побегна во Цариград и се на¬сели во една колипка. Некое време остана непознат, а потоа Господ им го покажа на луѓето, на кои им служеше до крајот на својот добродетелен живот, особено со дарот на чудотвор¬ство.

Се упокои во седмиот век.