-->
-->
Денеска е Преподобен маченик Дометиј
-->

Преподобен Дометиј се роди во времето на цар Константин Велики во Персија. Се роди во незнабожечко семејство, па како незнабожец и порасна. Во младоста се запозна со верата во Христа и се крсти. Наскоро се замонаши во еден манастир крај градот Низибија. По некое време се повлече во пустина, за таму да го продолжи подвигот. Толку се исчисти од гревот и страстите што Бог му даде дар да исцелува секакви маки и болести. Пострада за време на повампиреното паганство, кога во Рим царуваше отстапникот од црквата Јулијан. Самиот Јулијан нареди жив да го заѕидаат овој светител заедно со двајца негови ученици во пештерата во која се подвизуваа. Така пострада маченички свети Дометиј во 363 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
