Денеска е најдепресивниот ден во годината
Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Научниците велат дека токму денеска луѓето се чувствуваат најосамени, финансиска состојба не е баш најдобра по новогодишните празници, а одлуката за новогодишната диета и држењето до зацртаниот режим на исхрана не одат по планот.
Исто така, студеното време многумина држат затворени во четирите ѕида, новогодишната магија помина, а летото изгледа далеку.
Овој ден во 2005 година го утврдил академикот Клиф Арнели, земајќи го предвид мнозинството фактори кои би можеле да не депримираат , како што што се состојбата на банковната сметка, времето, стапката на развод и слично, пишува хрватски Индекс..
Оттогаш истражувачите следеле милиони објави на Твитер и откриле дека на овој ден бројот на негативните коментари се зголемува за дури пет пати.
Јануари исто така е традиционалното време за разводи.
- Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште инаку е денот кога луѓето најчесто бараат развод на бракот. Најчесто тоа го одложуваат поради Божикните и новогодишните празници, а на почетокот на јануари се во метеж бидејќи се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки, појаснува адвокатот Варнер Гудмен.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%