Денеска е голем празник - направете го ова за да ве следи среќа
Најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти, Јован е наречен апостол на љубовта. Присуствувал на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение. Бил талентиран писател и имал моќ да ги објасни најдлабоките тајни на христовата наука поради што е наречен Богослов.
Се верува дека на денешниот празник и ден почнуваат михолските празници. Луѓето би требало да го одморат добитокот, жените да не допираат ножици ни игли, а во некои краишта се верува дека во случај на непочитување на овој празник се привлекува несреќа во семејството.
Овој ден е добар за тргнување на пат, затоа што се смета дека овој светец ќе ви биде заштитник.
Денеска помолете му се на светецот и тој ќе ви ја исполни секоја желба.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола