Ракомет
26. November 2015 - 14:40

Денеска четири натпревари во ЕХФ Лигата на шампиони

Откако вчера беше одигран првиот меч меѓу Фленсбург - Висла Плок, во кој победа славеше германската екипа со два гола разлика, денеска ќе се играат уште четири натпревари од 9-тото претпоследно коло во првата фаза од Лигата на ракометните шампиони.
 
Преостанатите натпревари на програмата се претстојниов викенд кога ќе настапат и македонските претставници во елитното натпреварување. Шампионот Вардар, в сабота, гостува во Полска кај Киелце, додека Металург, во недела во Скопје, го пречекува составот на Скјерн.
 
Комплетни двојки за 9.коло во ЕХФ Лигата на шампиони: 
 
Среда 
Фленсбург - Висла Плок 27-25
Четврток 
17:00 Чеховски Медведи - Порто
19:00 ППД Загреб - Бешикташ
19:30 Војводина - Татран Пресов
20:45 Рајн Некар Л. - Кристијанштад
Сабота 
15:00 Веспрем - ПСЖ
16:00 Киелце - Вардар
17:00 Мотор Запорожје - Кадетен Шафхаузен 
17:30 Целје - Кил
18:00 Ла Риоја - Мешков Брест
Недела 
16:50 Колдинг - Барселона
17:00 Баја Маре - Елверум
17:00 Монтпеље - ПИК Сегед
18:30 Мететалург – Скјерн.