Денес времето сончево и топло до 31 степен
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15 степени, а дневната температура од 20 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 28 степени.
Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.).Температурата значително ќе се намали.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
