Денес средба на коалициските партнери од власта
Коалициските партнери од власта денеска во 13 часот во Владата ќе одржат средба, на која, како што најави премиерот Димитар Ковачевски, се очекува меѓу другото да се реафирмира ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.
По завршување на средбата, како што информира владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција.
Ковачевски најави дека целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада.
– Меѓу другото, ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот на Буџетот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите, суровините, предизвикани од нападот на Русија врз Украина, изјави Ковачевски завчера, одговарајќи на новинарски прашања за време на учеството на Преспа форумот за дијалог.
Тој најави и дека ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Северна Македонија и усогласување со системот на Европската унија.
-Тоа ќе биде позитивна средба на која граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и Влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една Влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи таму единствено гледаме деструкција и блокирање, рече Ковачевски.
Опозицијата, пак, вчера на протест пред Владата побара предвремени парламентарни избори, а доколку летово нема договор за вакво нешто, најави целосна блокада на институциите и протести. Блокадата, како што изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе биде за спас од штетата која сега ја плаќаме.
– Некој ќе праша – дали од сето ова ќе има штета. Одговорот е дека најголемата штета сега ја плаќаме, а нашата блокада ќе биде за спас од таа штета. Нема време за чекање затоа што кризата ќе биде уште поголема и уште пофатална. Најтешката зима следи, а со оваа влада ќе биде вистинско економско цунами за народот, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
