Денес сонце, утре дожд
Времето денес е о умерено облачно кон југот и особено југоистокот со подолги сончеви периоди. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Претежно во западни, источни планински подрачја и на северот ќе има услови за локален дожд и краткотрајно услови за ретки грмежи. Температурата од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне е можна појава на краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Температурата до 17 степени.
Утре ќе се задржи суво време, нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед
-
Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети