Денес седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за здравство и за финансирање и буџет.
На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог – законите за изменување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за јавно здравје, на Законот за безбедност на козметичките производи, на Законот за хемикалии, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствена, сите во второ читање.
Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за комуналните такси, на Законот за даноците на имот, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, на Законот за буџетите, Законот за јавен долг, сите во прво читање.
Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и предлог измените на Законот за административните такси, на Законот за стоковните резерви, на Законот за пријавување и евиденција на обврски, сите во прво читање.
На дневен ред на оваа седница се и Предлог – закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, како и Предлог законот за изменување и дополнувањата на Законот за акцизите, двата по скратена постапка во второ читање.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека