Денес се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје
Во текот на денешниот ден, според најавите на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје во кој ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во вчерашното интервју за државната агенција АНА-МПА, на прашањето дали од следнава седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.
„Атина ѝ ја предава штафетата на Скопје“; „Денес во Скопје вербалната нота од Атина- почнуваат нивните обврски“; „Од ПЈРМ и официјално Северна Македонија- ги менуваат таблите“; „Денес Скопје ги менува таблите во Северна Македонија“; „ Подготвени официјалните табли во Скопје со името Република Северна Македонија“; „Од денес се менуваат таблите на границата на Северна Македонија“, се само дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми од рано утрово, во врска со последните случувања на релација Скопје- Атина.
-Прашање на денови е промената на уставното име на ПЈРМ во „Република Северна Македонија“, денес Атина до Скопје ќе испрати вербална нота што ќе информира дека од Грција е завршен процесот на ратификација на Договорот од Преспа и Протоколот за членство на ПЈРМ во НАТО, од каде што почнуваат и обврските на Скопје, објави грчката државна телевизија ЕРТ.
Грчките медиуми, од синоќа, ја објавија веста пренесена од нашите медиуми дека се подготвени таблите со новото име.
-Новите официјални табли во Скопје со името Република Северна Македонија се отпечатени и подготвени да се постават во земјата, пишува „Катимерини“.
Ново на Сител
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа