Денес најгласен и најмасовен протест ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА
Овде, во Македонија, има куќен ред кој мора да се почитува. Друг избор и друга држава, ние немаме. Ова е распоредот за денес, 23 ден по ред како граѓаните го дигаат својот глас за Македонија, порачуваат од Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Од таму порачуваат дека денеска протестот ќе биде најгласен и најмасовен.
-На дури 43 локации повеќе од 200.000 граѓани кои се за Заедничка, а не двонационална држава, ќе пратат порака до сите политички чинители: Не за Тиранската платформа, не за двојазична и федерализирана Македонија. Посебна порака ќе биде пратена до комесарот кој сака да ги притиска политичарите да прифатат платформи создадени во други држави, а ги игнорира стотиците илјади Македонци кои секој ден на улиците порачуваат: покажете малку почит кон нас, ние кои овде живееме и ќе продолжиме да живееме и откако ќе заминете вие и сите еу бирократи кои наместо како гости се однесуваат како газди на Македонија. Овде, во Македонија, има куќен ред кој мора да се почитува. Друг избор и друга држава, ние немаме, порачуваат од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Ова е распоредот за денес, ден 23:
21.03.2017 – ВТОРНИК
Протести во Општини:
1. Скопје – 17 часот
2. Прилеп – 18 часот
3. Струмица – 18 часот
4. Неготино – 17 часот
5. Радовиш – 17 часот
6. Кавадарци – 17 часот
7. Валандово – 19 часот
8. Гевгелија – 18 часот
9. Битола – 18 часот
10. Кичево – 18 часот
11. Охрид – 17 часот
12. Крушево – 17 часот
13. Ресен – 18.30 часот
14. Демир Хисар – 17 часот
15. Куманово – 18 часот
16. Свети Николе – 18 часот
17. Берово – 17 часот
18. Пробиштип – 18 часот
19. Велес – 17 часот
20. Виница – 18 часот
21. Македонска Каменица – 17 часот
22. Штип – 18 часот
23. Крива Паланка – 18 часот
24. Делчево – 17.30 часот
25. Кочани – 17 часот
26. Демир Капија- 18 часот
27. Вевчани- 18 часот
28. Дебрца- 17 часот
29. Росоман- 18 часот
30. Кривогаштани- 18 часот
31. Старо Нагоричане- 18 часот
32. Дојран- 18 часот
33. Могила- 20 часот
34. Богданци- 18 часот
35. Конче- 18 часот
36. Чешиново-Облешево- 17 часот
37. Зрновци- 18. 30 часот
38. Кратово- 17 часот
39. Пехчево- 18 часот
40. Македонски Брод- 18 часот
41. Новаци- 18 часот
42. Босилово- 18 часот
43. Василево- 18 часот
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“