Денес ИОК ќе разговара за Олимпијадата 2020 година
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах денеска ќе одржи конференциски состанок со претставници на спортски организации за време на кој ќе разговара за ситуацијата со ширењето на коронавирусот. Во дискусијата ќе учествуваат претставници на меѓународни спортски федерации и национални олимписки комитети. Разговорот се очекува да биде посветен на Олимписките игри во 2020 година во Токио.
Претходно, ИОК, градските власти и организациониот одбор на турнирот соопштија дека и покрај пандемијата, Игрите ќе се одржат на претходно закажаниот датум – од 24 јули до 9 август.
Неодамна, Интернационалниот олимиски комитет отфрли опцијата за одржување на Олимпијадата без гледачи.
Новонастаната ситуација може да го зголеми бројот на учесници во Игрите како резултат на откажување на квалификациски натпревари, па затоа при донесеување на следните одлуки околу ЛОИ во Токио, треба да се земе во предвид и овој факт.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила