-->
-->
Денес е денот на вљубените - Што не треба да му подарите на својот партнер?
-->
Пред да изберете било што погледнете што никогаш не смеете да подарувате за овој ден.

Со оглед на тоа дека се работи за романтичен ден и подароците треба да бидат такви. Тоа значи дека веднаш можете да заборавите на ултра практични дарови како четки, прибор за миење на чинии, моторни пили и слично.
Пожелно е да се избегнуваат и шеговитите подароци бклучувајќи ги ироничните лоши подароци како што се чорапи, марамчиња или фломастери. Такви шеговити подароци може да функционираат во други пригоди, но за Валентин сепак подобро е да се држите до романтиката.
Најпрактичен подарок можеби е букет цвеќе, но не претерувајте ако веќе неколку години купувате рози на сопругата, можеби е време оваа година да измислите нешто пооригинално. И секогаш вложете малку труд, немојте само да го соберете првиот букет кој ќе ви дојде до рака.
Никогаш не купувајте работи кои на кој било начин можат да ја навредат вашата партнерка или партнер. Во таа категорија спаѓаат, на пример, членарини за фитнес центар, тоа не е баш суптилен начин на својата најмила да и кажете дека се здебелила, освежувач за здив, порнографски филмови и слично.
Дарувањето на пари исто така е лоша идеја. – Еве ти 1000 денари па купи си што ти се допаѓа, е реченица која никого нема да го воодушеви. Намерите можеби ви се добри, но ќе оставите впечаток дека не сте сакале да купите подарок.
Домашни миленичиња? Кутрињата и мачињата можат да бидат слатки, но се работи и за голема одговорност. Прашајте се дали вашата врска дошла до таа точка на некого да можете да му подарите животно? И дали сте сигурни дека знаете да изберете соодветно милениче?
Никако не смее да ви се случи да не купите баш ништо. Дури и ако саканото лице вели дека оваа година не сака никаков подарок, поради штедење или некоја друга причина, купите и барем некаква дребулија. Пријатното изненадување никому никогаш не пречело
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија
-
Сиљановска - Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство
-
Манасиевски: Кандидати за советници од СДСМ во Струмица крвнички тепаат странски државјани | ВИДЕО
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко