Дендиас: Посакуваме да имаме одлични односи со сите соседи
Грција посакува секогаш да биде во јадрото на Европа, да има одлични односи со сите соседи и да биде фактор на стабилност и безбедност во регионот, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Грција за формирање Дирекција за одбранбена дипломатија во грчкото МНР, jави дописничката на МИА од Атина.
– Дојдовме да потпишеме меморандум за соработка со Министерството за одбрана за да можеме да имаме целосна синхронизација меѓу активностите и перцепциите на овие две министерства. Компатибилен со пошироката доктрина на нашата земја, земја членка на Европската унија, која посакува секогаш да биде во јадрото на Европа, но и земја која посакува да има одлични односи со сите нејзини соседи, да биде фактор на стабилност и безбедност во регионот, рече Дендиас.
Министерот за надворешни работи на Грција додаде дека не треба да се заборави дека земјата, „традиционално држи маслиново гранче, но е и земја која поседува и меч“.
Министерот за одбрана на Грција, Николаос Панајотопулос по средбата со Дендиас и потпишувањето на меморандумот рече дека двете министерства се основни столбови во обликувањето и водењето надворешна политика.
– Министерството за надворешни работи и Министерството за национална одбрана се приближуваат и развиваат блиска и интензивна рамка за соработка преку формирање, во Министерството за надворешни работи, Канцеларија за одбранбена дипломатија, во кое ќе работат офицери од армијата. Сѐ ова е за да постои подобра и поинтензивна координација меѓу двете министерства за да имаме поефективно водење на надворешната политика на земјата, посочи Панајотопулос.
Ново на Сител
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати