Дендиас: Грција е секогаш подготвена за дијалог со Турција, но не под закани и уцени

Грција е секогаш подготвена за дијалог со Турција, но дијалог во рамките на меѓународното паво, а не дијалог под уцени и закани, ниту пак во присуство на турски воени и истражувачки бродови, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговиот колега од Малта Еварист Бартоло во Министерството за надворешни работи на Грција.
Меѓу темите за кои разговарале двајцата министри за надворешни работи била и ситуацијата во Источниот Медитеран, како и во Либија, но и мигрантското прашање.
Бартоло истакна дека она што е потребно е мирно да се решаваат разликите, да се почитува и да надвладува меѓународното правото, „а не правото на џунглата“.
Рече дека иако Малта е далеку од Источниот Медитеран, сепак случувањата може да влијаат врз целиот Медитеран, истакна дека се потребни компромиси и меѓусебно почитување, додавајќи дека „компромисот е тежок и болен, но војната е потешка и поболна“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата - избрани осум нови министри
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
