Македонија
29. November 2018 - 16:05

Ден за пратенички прашања во парламентот

Без двете најголеми политички прашања: она за бегствотото и азилот на експремиерот Никола Груевски и она за законот за помирување кој е клучен за уставните измени поминуваат денешните пратенички прашања во Собранието. 

25-мина народни избраници од опозицијата и власта се пријавиле да ги прашаат премиерот Зоран Заев, министрите и одговорните на инситутциите што ги именува парламентот.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го праша Заев до каде се најавените инвестиции од Гугл и Фесбук или пак, се работи како што рече, за лажна пропаганда имајќи пред вид дека владиниот тим одамна немал конткати со овие фирми.

Пратеничката Ласоска пак, праша за тоа кои се 30-те учебници кои ќе се менуваат поради бугарско-македонскиот договор. Таа реагираше дека невозможно е да се менуваат историски факти.

Седницата за пратенички прашања е последна седица во месецот, но не и последна оваа недела, имајќи пред вид дека пратениците ке имаат работен викенд. Во сабота ќе почне собраниската дебата за окончување на втората фаза од измените на Уставот.