-->
-->
Ден на жалост во Штип, по тешката сообраќајката во која загинаа две лица
-->
Општина Штип прогласи ден на жалост, откако Р.Шалев (30) и К.Петров (41), двајцата вработени во штипскиот затвор, загинаа во втората сообраќајна несреќа која се случи во рок од четири дена во Штип.
Загинатиот Петров е брат на Влатко Петров од населбата Чардаклија кој загина како припадник на АРМ за време на конфликтот во 2001 година, пренесува ТВ Стар.
Несреќата се случи синоќа по 19 часот, кога возилото со кое оделе на работа излетало од патот и завршило во реката Брегалница. Нивните колеги кои биле во второ возило веднаш зад нив излегле да помогнат, но не успеале да ги спасат.
Истрагата треба да покаже дали починале како последица на удар или се удавиле во реката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест