Ден на слободата на медиумите - скок од 33 места на листата на репортери без граници
Новинарството е јавно добро и затоа сите чинители во општеството мора да создадат соодветни услови за работа на мадиумите, ослободени од секаков вид притисоци. Ова е пораката од дискусијата на тема состојбите со работата на медиумските работници, во организација на претседателот на државата.
Новинарите побараа пратениците да ги изгласаат законските измени со кои нападот врз медиумски работници ќе се третира како кривично дело и ќе се намалат казните за новинарите. И двата закони веќе четири години се заглавени во Собранието.
На денешниот Светски ден на слободата на медиумите „Репортери без граници“ го објави најновиот извештај. Според индексот на слобода на медиумите Македонија бележи скок од 33 позиции и сега е рангирана на 57-то место од вкупно 180 држави.
најдобри оценки има во еконмомскиот и социјален контекст, а најлоши во делот на законската легислатива, за која забелешките се дека се доцни со усогласувањето со европското законодавство.
Иако извештајот констатира дека телевизите се главен извор на информирање сепак се тврди дека нивната доверба не е висока како рејтинзите. Ова е контрадикторно со истражувањата за довербата во медиумите. Истражувањето на ИРИ покажува дека дури 87% од граѓаните преферираат информирање преку телевизија, а според анализите на Фондацијата Конрад Аденауер секој втор граѓанин им верува на телевизиите.
Од Владата се задоволни од напредокот на земјава.
„Сакам да се заблагодарам на новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа и да им порачам да продолжат професионално да ја работат својата работа. Не така одамна бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување“, напиша премиерот Димитар Ковачевски.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
