„Ден на празот“ во василевско Градашорци

Во василевското село Градашорци утре ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“.
Градоначалникот Марјан Јанев, истакна дека како локална власт остануваат на заложбата да се негуваат овие манифестации кои оставаат белег на живеењето.
- Градашорци и општина Василево се далеку познати производители на праз и утре сакам да упатиме порака дека овој наш автохтон зеленчук е квалитетен и треба да се откупува и да се конзумира. За таа цел вредните домаќинки од општина Василево ќе приготват повеќе традиционални специјалитети од праз и ќе докажат дека оваа градинарска култура треба да биде дел од нашата трпеза, рече Јанев.
Јанев ги повика и производителите на праз да го изложат производството со цел, заедничка промоција, на како што рече, богатствата на општина Василево.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
