Демонстрантите во Лос Анџелес нема да бидат обвинети за непочитување на полициски час
Обвинителството во Лос Анџелес најави дека нема да обвини илјадници демонстранти, кои беа приведени изминатите денови за непочитување полицискиот час, доколку не извршиле грабеж, вандализам или какво било насилство.
Наместо вообичаено гонење, од службата на обвинителот Мајк Фојер нагласија дека е изработен „вонсудски пристап“ од вонсудски тип за помали прекршоци во протестите за смртта на Џорџ Флојд, што во повеќето случаи беа непочитување на полицискиот час и одбивање да се тргнат од улиците.
– Мирните протести се исклучително важни. Тие ги оживеаја потребните напори за промена на срцата, умот и институциите. Не можеме да ја пропуштиме оваа можност како што правевме многу често во минатото, пишува во изјавата на обвинителството на Лос Анџелес.
Мајк Фојер сака да воведе нов пристап што ги обединува демонстрантите, спроведувањето на законот и другите гласови од локалната заедница за подобрување на дијалогот и разбирањето. Се очекува да стапи во сила во текот на летото.
Шефот на полицијата во Лос Анџелес, Мајкл Мур изјави дека целосно го поддржува овој нов пристап. Според Мур, употребата на алтернативни методи ќе има траен корисен ефект врз локалната заедница.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии