Демонстрантите ја нападнаа полицијата во Белград, употребен и солзавец
Илјадници луѓе се собраа во Белград и вечерва, четврти ден по ред пред српскиот Парламент на протести и покрај одлуката на Кризниот штаб да забрани собирање на повеќе од 10 лица, јавиа белградски медиуми.
Протести има во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Чачак, Зрењанин, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволство од сегашната политичка и епидемиолошка состојба во државата. Неколку илјади луѓе се собраа пред Националното собрание во Белград. Група демонстранти ја пробија оградата пред Парламентот, но полицијата успеа да ги отстрани и да го опколи Собранието.
Демонстрантите во Белград почнаа да флраат камења, факели, и шишиња кон влезот на Парламентот каде се распоредени полициски сили.
Полицијата во одбрана употреби солзавец како и во изминатите три дена додека траат протестите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
