Демонстранти против климатски промени со супа ја полеаја славната слика „Сончогледи“ на Ван Гог
Активистки коишто демонстрираат против климатски промени во петокот со супа од лименка ја полеаја славната слика „Сончогледи“ на холандскиот мајстор Винсент Ван Гог изложена во лондонската Национална галерија, објави активистичката група „ Just Stop Oil“.
Групата последните две седмици континуирано протестира во британската престолнина, а во видеоснимката објавена се гледаат како две активистки ја „заливаат“ сликата со супа од домати од лименка на производителот „Heinz“.
Станува збор за една од петте верзии на славното масло на платно на Ван Гог, колку што се изложени во музеите и галериите ширум светот.
„Полицијата утрово брзо дојде на местото на настанот во Националната галерија по јавувањето за тоа дека две припаднички на групата ‘Just Stop Oil’ ја полеале сликата со супа од лимeнка а потоа со дланките се залепиле за ѕидот под сликата“, објави лондонската полиција на Twitter.
Двете се уапсени поради кривичното дело нанесување штета, а полицијата притоа се обидела да ги одлепи за да ги приведе. Галеријата сѐ уште не го коментираше инцидентот.
Вредноста на делото на Ван Гог, којашто ја насликал во 1888 година, се проценува во моментов на 84,2 милиони долари.
Активистите на групата „ Just Stop Oil“ во последните две седмици повремено ги блокираат сообраќајниците околу зградата на британскиот парламент. Минатата седмица полицијата приведе повеќе од сто активисти од разни еколошки групи.
Ново на Сител
-
Шеќеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје