Свет
1. May 2021 - 17:27

Демонстрации низ целиот свет по повод 1 Мај

Демонстранти ширум светот се судрија со полицијата кршејќи ги анти-ковид правилата за да учествуваат во традиционалните протести на 1 Мај.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Берлин, Истанбул, Мадрид, Париз и Торино на Меѓународниот ден на трудот, јави „Дејли меил“.

Во Турција демонстрантите се судрија со полицијата, при што беа уапсени стотици лица.

Атмосферата и во Париз беше напната, кога припадниците на Жолтите елеци се соочија со полицијата.

Во Торино стотици демонстранти се судрија со полицијата додека се вееја црвени знамиња со срп и чекан.

Шпанскиот вицепремиер Кармен Калво маршираше во Мадрид со членови на Шпанската социјалистичка работничка партија.

Во Москва, Руската комунистичка партија одржа комеморација за Карл Маркс.