Демократски сојуз на локалните избори оди заедно со СДСМ
Демократски сојуз на Павле Трајанов на претстојните локални избори ќе оди во коалиција со СДСМ. Ваква одлука донесе претседателството на партијата на седницата одржана вчера.
- Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ. Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени. Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила, се вели во соопштението испратено од партијата утрово.
Политичките партии имаат рок до 11 септември да ги поднесат кандидатурите за претстојните локални изброи чиј прв круг е закажан на 17 октомври.
Ново на Сител
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
-

Одбележување на Националниот ден на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања
-

Без вода и струја неколку улици во Скопје
-

Променливо облачно со дожд
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
