Демократски сојуз: Договор за иднината на Македонија
Врз основа на првичната анализа на референдумот, Демократскиот сојуз ги изгради следните ставови:
Прво, референдумот се одржа во мирна и демократска атмосфера, при што граѓаните можеа слободно да се изјаснат, без било какви притисоци, уцени и слично.
Но, референдумската кампања беше партизирана, со несовршена референдумска регулатива, како и со избирачки список, кој не го одразува реалниот број на гласачи.
Второ, над 600.000 граѓани дадоа силен импулс дека евроинтеграциските процеси треба да продолжат, поради што СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ мораат да постигнат договор за иднината на Македонија.
Во оваа насока очекуваме договор кој ќе ги отвори перспективите за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.
Трето, резултатите од референдумот не смеат партиите да ги "приграбуваат" и калкулираат за избори,затоа што се работи за опстанокот и иднината на Македонија, а не за останување или доаѓање на власт.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел