-->
-->
Демократијата и образованието главни теми на Конференцијата Форум 2000 година во Прага
-->
Годинашниот 19. Форум 2000, кој почна синоќа во Прага ќе се занимава со улогата на образованието во зајакнување и ширење на демократијата, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Традиционалната тема на Конференцијата, која беше иницирана од страна на поранешниот дисидент и чешки претседател Вацлав Хавел, кој почина во 2011 година се човековите права.
- Демократијата не е генетска информација, демократијата не е само општествен систем, демократијата треба да ја учиме, рече директорот Јакуб Клепал.
Конференцијата во наредните денови, до 16 септември ќе се занимава и со испитувањата за тоа дали е можно да се учи демократијата, дури и во областите без традиција.
Исто така, ќе се занимава и со темата на бегалците или Исламската држава.
Основањето на Форум 2000 беше со цел да се обезбеди простор за изразување на личности од најразлични области. Во изминатите 18 години на Конференцијата учествуваа над 700 истакнати личности, дисиденти и борци за човекови права.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
-
Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот
-
Наутро свежо, преку ден топло
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце