Демири: Засилени инспекции во градинките на државно ниво, не само во Скопје

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска изјави дека засилени инспекции во градинките ќе има на државно ниво, не само во Скопје, за да се откријат нецелосно или делумно вакцинирани деца против пертусис – народски кажано голема или магарешка кашлица.
– Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани.
Демири потсети оти имал и претходно јавни изјави дека од градинка треба да се вратат оние деца, кои не се вакцинирани, па апелираше да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација.
Со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, тој беше прашан дали има податоци колку решенија се издадени досега, на што, Демири одговори оти нема податок.
Прашан околу младите лекари кои имаат задолжение да поминат платена пракса, Демири рече дека побарале, поради тоа што на територија на град Скопје веќе имаме прогласена епидемија, да се зголеми бројот на вакцинални пунктови за да може да ја зголемиме бројката на вакцинација.
– Побаравме од Министерство за финансии и Фонд за здравство и поминато е тоа на владина седница, чекаме дали ќе добиеме одобрување од ДКСК. Ако добиеме позитивен одговор од ДКСК, тогаш може комотно младите лекари да се ангажираат во вакциналните пунктови и да се зголеми бројката на вакцинација, подвлече Демири.
Тој истакна оти со тоа и младите лекари ќе бидат задоволни со извршувањето пракса и надлежните со зголемување на бројот на вакцинирани лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
