Демири се закани дека вработените во болницата во Лешок ќе останат без плата
Министерот за здравство се закани дека вработените во специјалната болница во Лешок ќе останат без плата. Наместо решение за да може установата да продолжи да функционира самостојно, Демири со обвинувања до Синдикатот дека биле под политички влијанија и изнесувале невистини за етничката структура во болницата, откако дел од вработените јавно се спротивставија на неговиот план за припојување на болницата кон Тетовската клиничка болница.
- Сега ќе ја оставам болницата Лешок. Нема да преземам никакви дејствија бидејќи вработените не сакаат. Нека го реши ова пратеничката која излезе со нив на прес и да видиме како ќе добиваат плата и како ќе ја зачуваат дејноста на истата болница, изјави Илир Демири, министер за здравство.
Инаку Демири на маратонската прес конфереција им држеше предавања на новинарите што треба да биде во фокус на нивниот интерес, а не еден месец да пишуваат за хаосот на Токсикологија за кој најголем дел од вработените тврдат дека причина е организациската директорка Бесија Иљази која токму тој ја назначи ден пред распишување на изборите, а таа пред 10-тина дена им даде решенија на 18 договорци.
- Може да ме слушате ценети новинари, вие сте се фатиле за Бесије организациската директорка на Клиниката за токсикологија, она не ги запослила тие 18 лица, тие работеле и минатата година, рече Демири.
Во меѓувреме министерот за здравство го разреши директорот ан Државната кардиохирургија Марјан Шокаровски, за наводно зголемена смртност на Клиниката, а за 170 пациенти воопшто немало податоци во Мој Термин и ќе побарал обвинителството да го испита овој случај.
Реагираше Шокаровски. Според него разрешувањето овој период е незаконско и ги негираше како што вели лагите и клеветите околу наводите за зголемената смртност.
- Јас и стручниот колегиум на Клиниката во тек на наредните денови ќе излеземе со официјален демант и точни резултати околу невистините кои периодов беа лиферувани во јавноста“, истакнува Шокаровски во реакцијата.
-
Aлександар Динев
Сите содржини од овој новинар