Демир Капија ќе избира најдобри вина и ракии произведени во домашни услови
Најдобри вина и ракии произведени во домашни услови ќе избира општина Демир Капија во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата”, која секоја година се одржува во чест на празникот „Свети Трифун”, заштитникот на лозарите.
Од Службата за односи со јавноста денеска информираа дека настанот се организира заедно со Центарот за едукација и вмрежување во туризмот.
- Организираме натпревар за најдобри домашни вина и ракии, како и избор на најдобар закројувач на винова лоза. Мостри од домашно произведени вина и ракии од грозје ќе се земаат од домот на сите заинтересирани, кои сакаат да бидат дел од атрактивниот натпревар. Закројувачите на винови лози, пак, на лице место ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во резидбата, која е актуелна во овој период од годината во лозарството, во Тиквешко како најголем регион за лозаровинарство во Македонија, соопштија од Службата за информирање при демиркаписката локална самоуправа.
Покрај ова, општината и ЦЕНЕТ организираат и натпревар за најдобра традиционална трпеза, во кој ќе учествуваат групи на заинтересирани, кои на овој начин ќе ги покажат своите кулинарски способности.
Во тек е пријавувањето на сите оние кои сакаат да бидат учесници во натпреварите.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ