Фудбал
24. January 2018 - 9:48

Демек државен удар а смешни затворски казни

Хулиганите од Хрватска кои направија инцидент на големото српско дерби Партизан-Ц.Звезда и беа уапсени сепак ќе мина со лесни затворски казни иако се тврдеше дека сакале да направат државен удар во Србија со поголеми нереди дури и да го срушат Александар Вучиќ од власта.

За двајца бидејќи го признаа делото одредени се затворски казни од по 6 месеци, за двајца по 5 и за еден 4 месеци.
„Во досегашниот дел од постапката, моите клиенти се бранеа со молчење. Денеска го потпишаа признанието за вина и постигнаа договор со обвинителството. Беше договорена и затворската казна“, изјави Маја Тркулја, адвокатката на обвинетите.