Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен Усман Дембеле се осврна на синоќешната победа над Данкерк (4:2) во полуфиналето од Купот на Франција. Тој постигна два гола, првиот и последниот за парижаните.
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
Домаќините водеа со 2:0 по само половина час игра, но фаворитот не дозволи изненадување.
- Противникот двапати нафрли на нашата половина од теренот и даде два гола. Но, ние останавме фокусирани и знаевме дека ќе имаме шанси да се вратиме во игра. Мојот гол непосредно пред полувремето му даде самодоверба на тимот, знаевме дека ќе имаме други можности. Беше неопходно да останеме смирени, особено во последната фаза од нападот, и да не брзаме.
Во финалето на Купот на Франција, ПСЖ ќе игра со победникот од пресметката меѓу Кан и Ремс.
Ново на Сител
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци