Демарш од Атина до Анкара
За низата барања за доделување дозвола за државна нафтена компанија да врши истражувања во делови на грчкиот континентален гребен, објавени во Службен весник на Турција вчера, во Министерството за надворешни работи на Грција бил повикан турскиот амбасадор во Атина и му бил доставен демарш, објавија грчките медиуми.
Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на турски дипломатски извори објави дека амбасадорот на Турција во Грција, Бурак Озугергин во грчкото МНР одговорил дека „турските позиции за прашањата поврзани со Источниот Медитеран, вклучувајќи ги и прашањата за демаркација на границите, за кипарскиот проблем, за истражување на јаглеводороди, за Либија и за регионот во целина се познати и транспарентни, односно дека овие позиции се во границите на меѓународното право“.
Озугергин повторил дека досега немало одговор на повиците на Турција за дијалог со Грција и додал дека „никогаш не е доцна за соседите, не само да разговараат, туку и едниот да го чуе другиот“.
Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас вчера изјави дека објавените барања во Службен весник се обид на Турција „чекор по чекор да се узурпираат суверените права на Грција“, дека следат по турско – либискиот меморандум, а „нелегалните активности на Турција не носат легални резултати“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Грција беше и останува апсолутно подготвена за да се справи и со оваа провокација доколку Турција на крај реши да ја спроведе, истакна Дендиас во изјавата за медиумите.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
