Демант од ВМРО-ДПМНЕ за наводи од медиуми
Лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата.
Се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невремето.
Снимката е доказ дека локалното население е револтирано и ги отфрла уфрлените провокатори од СДСМ и нивните привезоци, кои свесно и намерно имаат за цел, наместо да помагаат да предизвикуваат инциденти.
ВМРО-ДПМНЕ осудува и не поддржува никакво насилство, но и во исто време изразува згроженост од недоличните обиди на СДСМ да ја злоупотребува трагедијата на граѓаните погодени од невремето преку уфрлени провокатори за кои постојат информации дека добиваат наредби да доаѓаат и од други населени места и немаат никаква врска со населението погодено од невремето.
Го повикуваме СДСМ да престане со провокациите и местенките како дел од стратегија, за што доказ е и оркестираното ширење дезинформации на медиумите под контрола на СДСМ во насока на создавање на тензии нервоза и конфликти меѓу населението.
Деструктивното и нехумано однесување на СДСМ нема да не поколеба ниту да влијае да се октажеме од посветеното помагање во расчистување на последиците од невремето, постојаното присуство меѓу населението во миговите кога му е потребна помош.
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште