Делови од Сарај, Студеничани, Сопиште, Кисела Вода и Центар утре без струја
Дел од корисниците од скопските села Глумово, Сарај, Шишево, полициската станица во селото Глумово и фирмите „Адриус“ и „Бис-Оил“ во Општина Сарај утре од 9 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 14 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците околу главниот влез на фирмата „Фруктал“ во село Студеничани, Општина Студеничани.
Без струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „1513“ во населба Пинтија, Општина Кисела Вода.
Од 9:15 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Горно Соње, воениот објек во Горно Соње и месноста наречена Коштан, Општина Сопиште.
Во периодот од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе останат корисниците од улицата „Ганчо Хаџи Панзов“. Општина Центар.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед
-
Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети