Делови од неколку скопски општини утре без струја

Поради технички зафати во електросистемот, утре без струја ќе останат корисници во неколку делови на Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија а.д.
Од 8.30 до 9.30 часот и од 14.30 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од село Сопиште, населба Припор во општина Сопиште, а од 9.30 до 14 часот струја ќе нема во село Долно Арнакија во општина Сарај.
Од 10 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Христо Татарчев бр.23 во општина Кисела Вода, а на истата улица на бр. 14 без струја ќе останат од 8.30 до 15 часот.
Според најавата, утре од 9.30 до 15 часот струја ќе немаат ни корисници од општина Ѓорче Петров: Агино Село, ул. Лука Геров подулици 10 и 12 и корисници во село Кучевиште, а во истиот период и корисниците од улиците: Вашингтонска, Нов живот и Виничка во општина Шуто Оризари.
Во општина Центар во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од ул. Димче Мирчев, а од 8 до 9 часот - корисниците од ул. Апостол Егзарх, ул.Тодор Александров бр.73, 75, 76 и 79.
Од 9 до 14.30 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. Христијан Тодоровски-Карпош, од бр.2 до бр.30, во општина Бутел.
Ново на Сител
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
