Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија

Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот.
Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот одбор на САД за безбедност во сообраќајот (NTSB). Во моторот биле пронајдени остатоци од птици, што укажува дека авионот можеби удрил во птици при полетувањето, при што дошло до оштетување на турбината.
Шеесет и едногодишниот, Љубиша Каровиќ од Врњачка Бања, кој при кршењето на прозорецот речиси до појас бил исфрлен од авионот, се здобил со повреди на вратот и рамото, како и повреди од сигурносниот појас што спречил патникот целосно да испадне од авионот.
Неговата сопруга, Светлана Грковиќ Максимовиќ, со која патувал од Солун за Германија на семејна прослава, го држела за нозете, по што екипажот и другите патници успеале да го вратат во авионот.
Стјуардесите им кажале на истражителите дека во кабината имало силни вибрации и чад пред автоматски да се активираат маските со кислород над седиштата.
Повредениот патник бил пренесен на безбедно место во авионот, каде што лекар му пружил прва помош. Стјуардесите им дале на патниците метална кутија со која го блокирале скршениот прозор сè додека авионот, околу половина час подоцна, не се вратил во Солун.
Каровиќ неодамна изјави дека планира да ги тужи трите големи компании поврзани со летот – „Рајанер“, со чиј авион патувал, „Боинг“, производителот на авионот, и „Џенерал Електрик“, производителот на моторите.
MIA
Ново на Сител
-

Во стан во Кисела Вода пронајдена почината 46-годишна жена
-

Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент
-

Две лица активирале противпожарни апарати во казино при што гостите почнале да се гушат
-

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп, Швеѓанка при слетување скршила нога
-

Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
