Делови од Центар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Карпош и Илинден утре без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија информира дека во текот на утрешниот ден делови од градот ќе останат без напојување со електрилна енергија.
Во периодот од 8:00 до 10:00 часот, без струја ќе биде објектот на Сеизмологија на Долно Водно и корисниците од објектите во околината, од 8:30 до 12:00 часот, корисниците од ул. Васил Ѓоргов бр.9, 19. 19а и 23 и корисниците од околните објекти во нивна близина, од 9:30 до 13:00 часот корисниците од ул. Козара бр.47, 47а и 49, како и од ул. Киро Гавриловски бр.3, 5, 7 и 27, во Општина Центар.
Во периодот од 9:00 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците Брсјачка Буна, Нов Живот и Злетовска, во Општина Шуто Оризари.
Од 9:00 до 15:00 часот, струја нема да имаат корисниците од село Усје, Општина Кисела Вода, објектот на ресторан „Фиш“ и центарот за гуми „Олимпико“, дел од корисниците од улиците „Момин Поток“ и „Скупи“ – подулици 3, 3а и 5, како и дел од корисниците лоцирани на Јадранска Магистрала, Општина Карпош и корисниците од ул.13 во населба Илинден.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма
-
Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница
-
Женско рели низ улиците на Скопје
-
Синиша Кочоски ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман"
-
Алегри ќе седне на клупата на Милан?