Македонија
1. July 2017 - 15:32

Дело од Дарија Андовска ќе биде изведено на фестивалот „VU2“ во Јута

Делото „Liquid-crystal“ од истоименото авторско ЦД на македонската композиторка и професорка на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска е селектирано во официјалната програма на фестивалот на електронска музика и соунд арт „VU2“ во Парк Сити, Јута, САД.

Во рамки на истиот фестивал ќе бидат изведени дела од реномирани светски имиња од рангот на познатиот германски композитор на електронска музика Карлхајнц Стокхаузен, американецот Милтон Бабит...

Андовска е единственото балканско име меѓу шесте европски од вкупно 64 композитори застапени во програмата на овој еднодневен фестивал, кој ќе се одржи на 18 јули во Park City Library.