-->
-->
Деликвенти: Пет деца од Кочани го ограбија оружјето од „Ловен дом“
-->

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 13 до 15 години од Кочани поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „тешка кражба“.
Пријавените во периодот од 22.05.2016 година до 29.05.2016 година во просториите на ,,Ловен Дом“ во Кочани со употреба на подесен алат и сила, најпрвин ја откорнале металната заштитна решетка на еден од прозорците на подрумската просторија, од каде влегле внатре и со подесен алат насилно ги отвориле сите собни врати од објектот, извршиле претурање и одзеле два пиштоли, еден ловен карабин, една малокалибарска пушка, две трофејни пушки и електричен кабел причинувајќи материјална штета од 29.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево