Македонија
2. August 2020 - 18:53

Делегацијата на МПС положи свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев

Делегација на Македонскиот полициски синдикат во Крушево положи свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев и пред спомениците на „На Хероите на Слива“ и на „Мечкин Камен”.

Во чест на големиот државен празник, 2. Август, Ден на Републиката делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев, придружуван од Генералниот секретар Киро Трајковски и Зоран Кузмановски, денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево како и пред пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на „Мечкин Камен”.

„Прославувајќи го 2-ри Август, Денот на Републиката ние од Македонскиот полициски синдикат им упатуваме благодарност на сите херои од нашата историја чии идеали за слобода и независност ги преточија во реалност. Нивниот придонес не обврзува не само да го чествуваме големиот празник, туку да ја продолжиме нивната голема борба за напредна и успешна Република Македонија“, истакна Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев.