-->
-->
Делегацијата на ЕУ во Скопје се оградува од Ван Хауте
-->

Делегацијата на Европската Унија во Скопје се оградува од ставовите на белгискиот филозоф Питер Ван Хауте.
„Ставовите на ЕУ ги изразува делегацијата на ЕУ во Скопје. За ставовите на Ван Хауте ќе морате да го прашате Ван Хауте“ – велат од мисијата на ЕУ во Скопје на прашањето на Press24 како ги коментира ставовите на Белгиецот и неговата последна изјава на Твитер дека Македонија е светлосни години далеку од ЕУ.
Ова е втор пат Мисијата на Европската Унија во Македонија да се огради од ставовите на Ван Хауте. Белгиецот во последните неколку месеци постојано излегува со лични ставови во кои главно ја напаѓа Македонија.
Во јавноста стана познат по објавувањето на фотографии со мачки со испишани политички пораки.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе од еден месец комплетно ја прекина соработката со Ван Хауте и од олеснувач во преговорите го прогласи за обичен турист во Македонија, препорачувајќи му да го посети Музејот на македонската борба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
