Делегација од Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија
Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, од денеска до 12 септември престојува во посета на Република Македонија.
Претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Арслан и членовите на делегацијата ќе се сретнат со претставници на Уставниот суд на Република Македонија.
Во текот на работниот дел уставните судии ќе разговараат на теми: „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.
Најавено е дека делегацијата на Уставниот суд на Република Турција ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од министерот без ресор во Владата, Аднан Ќахил.
Посетата на делегацијата од Уставниот суд на Република Турција е продолжение на одличната соработка со Уставниот суд на Република Турција и е во рамки на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка меѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет