-->
-->
Делегација од регионот Алзас во посета на Скопје
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/juni/133221532-61776.jpg?itok=5mbx13ur)
Висока француска делегација од регионот Алзас е во посета на Македонија со цел промоцијата на овој регион и унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји.
Делегацијата е предводена од директорот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Филип Шукрун, а во нејзиниот состав се советници, економски промотори и претставници на здруженија, како и познати готвачи и слаткари, кои ќе го промовираат овој регион, особено на економски, туристички и гастрономски план.
Како што соопшти Француската амбасада, предвидено е гостите од алзашкиот регион за време на престојот во земјава до 22 јуни да се сретнат со министерката за локална самоуправа, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, директорот на Стопанската комора на Македонија и со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Според програмата, утре попладне ќе се одржи средба насловена „Добредојдовте во Алзас", на која ќе бидат присутни членовите на француската делегација и претставници на деловниот сектор во Македонија.
- Овој настан ќе биде можност, преку проекција на филм на англиски јазик и дистрибуција на материјали за комуникација да се презентираат предностите на Алзас во многу области и да се склучат нови партнерства, информираат од Амбасадата.
Во составот на делегацијата покрај Филип Шукрун, директорот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас се и: Мари-Рен Фишер, регионален советник и заменик-претседател на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Жак Шлеф, претседател на Здружението Алзас-Македонија, Жерар Стедел, претседател на Меѓународната унија на Алзашаните и директор на претставништвото на „Crédit Mutuel“ во Германија. Дел од делегацијата се и кулинарски мајстори: Ибер Mец, реномиран готвач во „Rosenmeer Rosheim“ и претседател на професионалните готвачи од Алзас, Арман Рот професионален готвач и Даниел Ребер специјалист за слаткарство и производи од чоколадо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од задоцнетите мерки на Владата
-
Прегазен 17-годишен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје
-
Стабилно и студено, со температури и под -10 степени
-
МЗ: Извршена трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска
-
Шведски Врховен суд: Активистите не можат да ја тужат државата за недоволна акција против климатските промени
-
Завршни зборови во судскиот процес против Додик
-
Украински пратеник: Изјавите на Трамп „непријатни“, но „не смееме да ги изгубиме американските сојузници“
-
Лавров: Русија разговараше со САД за отстранување на заканите кон земјата