Делегација на ДПМ ќе му оддаде почит на поетот и револуционер Кочо Рацин
Друштвото на писателите на Македонија ќе му оддаде почит на поетот и револуционер Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература. Делегација на ДПМ вечер во 20 часот во Спомен-костурницата во Велес ќе положи цвеќе во негова чест.
Традиционалната Беседа за Рацин на годинашните Рацинови средби ќе ја има Мишел Павловски, кој ќе ја предводи делегација на македонската писателска асоцијација.
На меѓународниот поетски митинг во рамки на Рациновите средби вечер во театарот „Џинот“ во Велес ќе настапат поетите на ДПМ: Игор Крајчев, Олга Панкина, Филип Клетников, Мирјана Тренчева и Александра Велинова.
На денот на погибијата на Кочо Рацин, 13 јуни, претставници на ДПМ ќе читаат стихови посветени на поетот, на Лопушник - местото на трагичниот настан.
Ново на Сител
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен