Делегација на Дојче веле кај Пендаровски
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација од германскиот медиумски сервис, Дојче Веле, кој оваа година одбележува 66 години од своето формирање и 50 години од Програмата на македонски јазик.
Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, Пендаровски упати честитки до целиот тим на Дојче Веле, за нивната долгогодишна професионалност, критичен и одговорен пристап, во насока на точно, објективно и навремено информирање, притоа промовирајќи европски стандарди и недозволувајќи да бидат алатка за остварување на нечии одредени интереси, коишто се спротивни на основните новинарски принципи.
–Со својата Програма на македонски јазик, Дојче Веле веќе пет децении придонесува во развојот и зајакнувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Германија“, рече претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство што германскиот медиум во континуитет и со аналитичност информира и едуцира за сите општествено-политички случувања во двете држави.
На средбата беше потенцирана исклучителната важност на слободата на медиумите и клучната улога на новинарството во развојот на демократското општество и владеењето на правото.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно институциите во Република Северна Македонија да градат партнерски и транспарентен однос со медиумите, кои пак, мора да бидат буден и бескомпромисен коректив на секојдневните процеси во државата. Единствено на тој начин, рече претседателот Пендаровски, медиумите ќе можат да ја извршуваат својата основна задача, да бидат еден од столбовите на демократското општество во Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт

