Македонија
7. May 2016 - 14:14

Делегации од МВР ќе им оддадат почит на загинатите полицајци во настаните во Диво насеље

Делегации  од  Министерството за внатрешни работи предводени од министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски денеска и утре ќе присисутвуваат на помен и ќе им оддадат почит на припадниците на МВР кои загинаа за време на настаните во Диво насеље.

Како што е најавено, во делегациите од МВР кои ќе им оддадат почит на загинатите припадници од полицијата во Диво насеље, ќе бидат и високи полициски старешини заедно со командантите на ЕБР и ЕСЗ.