-->
-->
Делчевските советници од ВМРО-ДПМНЕ бараат ослободување од данок на имот за бранителите
-->

Со поднесување иницијатива советниците од ВМРО ДПМНЕ од делчевскиот совет ќе бараат донесување предлог одлука со која ќе се ослободат од плаќање данок на имот и комунални трошоци сите припадниците на безбедносните сили од МВР и АРМ и нивните семејства кои организирано учествувале во одбраната на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Р.М сметано од 1 јануари 2000 година.
-Советничката група на ВМРО ДПМНЕ при Советот на Општина Делчево ја поднесува оваа иницијатива како надополнување на правата на оваа целна група наши сограѓани, дефинирани согласно законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства од 2002 година со кои се регулирани одредени нивни права. Сметаме дека и ЕЛС Делчево преку Советот на Општина Делчево, треба да води ред за бранителите кои се наши сограѓани и да донесе одлука за признавање посебни права на оваа категорија на наши сограѓани, рече на денешната прес-конференција, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Ивановски.
Додава дека бранителите како личности и граѓани на општина Делчево ја заслужуваат најдлабоката почит, а оваа иницијатива е само мал дел што Советот на општина Делчево може да направи за тие луѓе.
Од таа причина советниците на ВМРО ДПМНЕ Делчево бараат итно формирање комсиија од советници и општинска администрација, која ќе изврши пребројување на овие граѓани и ќе изготви предлог одлука која ќе ја достави на разгледување од Советот на општина Делчево за првата наредна седница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир