Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска најави отворање центар за услуги во Делчево како дел од националниот портал за услуги. Овој центар ќе биде прв во источниот регион и ќе биде наменет за сите граѓани, особено за постарата популација и за оние што немаат можност самостојно да ги користат онлајн услугите.
-Центарот ќе им овозможи на граѓаните да пристапат до сите 300 услуги достапни на порталот – од уверение за државјанство, имотен лист, потврди за стаж од Пензискиот фонд, па сè до услуги од Агенцијата за вработување и други институции. Граѓаните ќе можат не само да ја завршат својата административна работа, туку и да се запознаат со тоа како да отворат профил и да користат дигитални алатки, рече министерот.
Министерството планира отворање слични центри и во Свети Николе, Виница, Неготино и Крушево. Според Андоновски, од почетокот на работата на порталот бројот на достапни услуги е зголемен од 80 на 129, а целта е да се достигнат 200.
-Користењето на порталот е зголемено за седум и пол пати, што покажува дека граѓаните го препознаваат неговиот бенефит, додаде министерот.
Како главни предизвици ги посочи дигиталната писменост, недостигот на вештини и потребата од политичка подготвеност на институциите за дигитализација.
-Во овој процес, општините се наши клучни партнери. Во Делчево, каде што има значителен број повозрасни жители, центарот ќе биде особено важен за приближување на дигиталните услуги до сите, нагласи Андоновски.
Тој упати апел и до младите, вклучително и оние во дијаспората, да ги искористат услугите преку порталот и да го активираат својот профил. Според најавите, Центарот за услуги во Делчево ќе биде отворен на почетокот на септември.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
