Делави: Не сме рекле дека ќе прифатиме се што ќе договорат Тачи и Вучиќ
Амбасадорот во заминување на САД во Косово, Грег Делави изјави дека Вашингтон продолжува да бара договорот меѓу Приштина и Косово да произлезе од преговарачките страни, но тоа не значи дека ќе прифати се што ќе дојде од претседателите Хашим Тачи и Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Ние не сме рекле дека ќе прифатиме се. Ние сме рекле дека ќе го разгледаме постигнатиот договор и дека ќе ги изнесеме нашите забелешки доколку ги имаме, истакна Делави во интрервјуто за денешниот борј на весникот „Коха Диторе“, на крајот на неговиот тригодишен мандат во Приштина.
Тој порача дека „решението треба да биде трајно, прифатено од граѓаните на двете земји и треба да придонесе за стабилноста на регионот, а не да биде на штета на таа стабилност“.
Американскиот дипломат забележува дека на актуелниот процес на дијалогот меѓу Приштина и Белград му недостасува демократски легитимитет.
- Мислам дека е работа на Собранието да обезбеди демократски легитимитет. Собранието, за жал, не беше во можност да обезбеди 61 глас за ништо што е поврзано со дијалогот, изјави Делави, нагласувајќи дека „секое решение што ќе произлезе од дијалогот а што нема некаков легитимитет ќе биде тешко да се прифати“.
Во врска со трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово, американскиот амбасадор нагласи дека никој како САД не ја поддржува ФСК, но смета дека минатонеделната одлука на Владата за законски измени за формирање на војската е избрзана.
Трансформацијата на ФСК во војска на Косово, повтори Делави, мора да се направи со уставна, а не со законски промени.
За случајот со лажните ветерани на ОВК, американскиот амбасадор наведе дека дебатата за тој проблем не треба да се одвива околу обвинителот задолжен со случајот, туку да се насочи кон неговата суштина, а тоа е законската одговорност на Државната комисија за воените ветерани.
Делави, кој ја завршува дипломатската мисија во Приштина на крајот на овој месец, во интервјуто за „Коха Диторе“, меѓу другото, зборува и за корупцијата во земјата, за која вели дека е еден од големите проблеми со кои треба да се соочи Косово.
Ново на Сител
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени